Тајсон Фјури ветува голем нокаут над пи*ката Џошуа

Тајсон Фјури напорно тренира за големата борба во тешка категорија против Ентони Џошуа. Пред неколку дена, Еди Херн, кој е менаџер на Џошуа, откри дека борбата за обединување на титулите ќе се одржи на 7 или 14 август во Саудиска Арабија.

Фјури ја заложува титулата во тешка категорија на ВБЦ и неговиот статус без пораз. Џошуа ќе ги брани појасите на ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО. Ова ќе биде една од најголемите борби во историјата на боксот.

Тие ќе потпишат договор за две битки и доколку Фјури успее да победи, тогаш тој засекогаш ќе го зацементира своето име во историјата и ќе биде меѓу најголемите великани. На својот профил на социјалните мрежи, Тајсон откри дека работи напорно за да им даде нокаут на фановите.

„Ентони Џошуа, пи*ко дали си подготвени за војна? Напорно работам за да им дадам голем нокаут на навивачите“, истакна Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО