Тајсон Фјури: Тежам 119 кг, јас се враќам!

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Тајсон Фјури рече дека сега е блиску до неговата оптимална боречка форма.

Фјури ја посети боксерската гала вечер која се одржа минатиот викенд во Манчестер и кажа дека се подготвува за неговото планирано враќање на рингот.

„Тежам 119 кг. Се вратив“, рече Фјури за ИФЛ ТВ.

Максималната тежина на Фјури, пред да одлучи да се врати во рингот, изнесуваше 171 кг. Во последната битка на крајот на 2015 година против Владимир Кличко, Британцот имаше 112 килограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО