Тајсон Фјури: Секој сака пари и слава, но без да работи

Живата легенда на боксот, Тајсон Фјури, зборуваше малку за славата, парите и успехот во животот. „Кралот на Ромите“ знае како е да се биде на врвот и на дното, а потоа повторно на врвот. 32-годишниот шампион го достигна врвот откако го шокираше светот во 2015 година со победата над Владимир Кличко. Сепак, не успеа да го поднесе овој успех, препуштајќи се на депресијата и алкохолот.

Фјури дури размислуваше и за самоубиство, но на крајот ги зеде работите во свои раце и се врати на боксот по 3-годишно отсуство. Тајсон забележа 5 победи и 1 нерешен резултат. Во неговата последна борба го нокаутира Дионтеј Вајдлер и ја освои титулата на ВБЦ во тешка категорија.

Фјури ослабе многу и влезе во топ форма, но сето тоа го постигна со многу работа и лишувања. На својот профил на социјалните мрежи, Тајсон ја откри тајната на славата и парите.

„Денес, секој сака да биде богат и славен без да вложува труд и напор во текот на целиот живот. Не постои брз начин да се успее во нешто што вреди.

Дали сакате да ве препознаат и да ве пофалат навивачите, дали сакате да бидете богати? Па, еве како, испотете си го газот од работа!

По многу години, навистина ќе научите кои сте, инвестирајте во вашето здравје, заштедувајте пари, не водете никаков начин на живот, станете одлични во вашата работа, инвестирајте ги парите паметно.

Работете кога другите сакаат да се одморат. Никогаш не се откажувај. По сето ова можете да станете она што го сакате“, порача Фјури.

Фјури во моментов е во преговори со Ентони Џошуа за меч за апсолутен свестки шампион во тешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО