Тајсон Фјури се подалеку од рингот

Британскиот боксерски совет (BBBoC) нема да му ја врати лиценцата на поранешниот крал во тешка категорија, Тајсон Фјури, додека не ги реши проблемите со Антидопинг агенцијата.

Тоа практично значи дека враќањето на Фјури на рингот се одложува на неодредено време. Фјури требаше да се појави пред Комисијата на Антидопинг агецијата во мај, но сослушувањето му беше одложено, а новиот датум не е закажан.

„BBBoC ќе ја ислуша позицијата на мистер Фјури, но едвај, откако ќе ги расчисти односите со Антидопинг комисијата“, изјавија од Боксерскиот совет.

Во последно време самиот Фјури во неколку наврати изрази желба повторно да боксира, а испраќаше и предизвици до Ентони Џошуа, но очигледно дека ќе останат само на зборови.

28-годишниот Фјури ја загуби боксерската лиценца во октомври минатата година, само ден по одземањето на појасите во верзиите на ИБО, ВБА и ВБО, бидејќи беше позитивен на кокаин.

https://youtu.be/aOhZRWs1_bg

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО