Тајсон Фјури се извини и собра поени (ВИДЕО)

Tajson Fjuri se izvinuva

Тајсон Фјури се извини за своите сексистички изјави за време на церемонијата за Спортист на годината во Велика Британија. Признанието го доби Енди Мареј, но боксерот беше во центарот на вниманието на оваа церемонија, која се одржа во Белфаст.

„Сето ова е беше гребење на јазикот. За мене зборовите се забава и игра. Не сум сериозен човек. Ако сум кажал нешто во минатото, со што сум повредил некого, се извинувам. Не сум имал намера да го навредам“.

Над 130.000 луѓе се потпишаа на петицијата чија цел беше отстранување на Фјури од номинацијата. За време на самата церемонија околу 30 активисти за геј правата имаа истакнато плакати и извикуваа пароли против светскиот шампион во бокс во тешка категорија.

https://youtu.be/4WTlRDuQ-rc

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON