Тајсон Фјури уште еднаш го воодушеви светот со своите мерки за време на изолацијата и начинот на кој одлучи да го прослави најголемиот празник во христијанскиот свет – Велигден. Боксерот беше „фатен“ од весникот „Сан“ како прима од курир импресивна нарачка од 557 фунти со брза и нездрава храна.
https://twitter.com/Tees_Issues/status/1249587363711528961?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1249587363711528961&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D837724
Пред вратата на Фјури беа истоварени непозната количина пици, пилешки крилца, месо на скара и неколку порции ракчиња.
Боксерот, кој е изолира во неговата куќа со семејството – со сопруга и петте деца – внимаваше на оддалеченоста со курирот, па затоа сам ја собра огромна количина на храна оставена пред вратата. Фјури никогаш не ја криел љубовта спрема храната.



