Тајсон Фјури сака да има најмалку три настапи следната година

Светскиот боксерски шампион Тајсон Фјури објави крај на кариерата во април по триумфот против Дилиeн Вајт.

Но, Кралот на Ромите не остана долго во пензија, бидејќи веќе најави враќање во рингот на крајот на летото.

Шампионот на ВБЦ бараше меч за против Усик, потоа Џошуа, но на крајот договори трилогија против Дерек Чисора.

Нивната пресметка ќе се одржи на 3 декември на стадионот на Тотенхем во Лондон.

Фјури верува дека ќе ја одбрани титулата на ВБЦ против Чисора, а потоа би можел да се бори со Александр Усик за обединување на титулите во тешка категорија некаде во февруари или март.

Британецот сака да договори меч против Усик веднаш по борбата против Чисора. Доколку украинскиот боксер не се согласи на дуел, Фјури веќе има неколку потенцијални кандидати за мечот.

„Ако Усик го одбие мечот во февруари, тогаш ќе договорам борба против Џо Џојс на Вембли. Џо, подготви се, бидејќи ако Усик не сака оган, ти си внатре. Следната година ќе се борам три пати, а ти можеш да бидеш еден од противниците“, изјави Тајсон Фјури и потврди дека е воодушевен од настапот на Џо против Џозеф Паркер кој заврши со нокаут:

„Беше прекрасно да се гледа тој боксерски меч. Ќе признаам дека Џо Џојс е вториот најдобар тешкаш во светот, веднаш зад мене. И кој знае, ако има свој ден, можеби ќе може да ме победи. Мислам дека би можеле да го дознаеме тоа еден ден“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON