Истакнатиот промотор Боб Арум рече дека имал продуктивни разговори со тимот на украинскиот боксер Aлександр Усик за потенцијална борба за титулата светски првак во тешка категорија со Британецот Тајсон Фјури.
Усик моментално се подготвува за реванш со Британецот Ентони Џошуа. Ќе се одржи на крајот на август во Саудиска Арабија. Фјури го најави своето пензионирање откако го победи сонародникот Дилиeн Вајт во април во Лондон.
Тој претходно изјави дека би можел да се врати во боксот доколку добие понуда од 500 милиони фунти. Сепак, сега очигледно плановите се менуваат, бидејќи Арум бил на преговори и сака Фјури да се бори со Усик на крајот на годината.
„Би сакал да ја имам таа борба. Можеби во декември или почетокот на следната година“, изјави Арум за новинарот Мајкл Бенсон.
‼️ Bob Arum has declared that he's already had positive conversations with Oleksandr Usyk's team about a potential undisputed heavyweight title fight vs Tyson Fury: "I would hope to do that fight in December maybe, or early next year." [Barbershop Conversations] pic.twitter.com/aJSJRfZuxp
— Michael Benson (@MichaelBensonn) August 7, 2022