Тајсон Фјури по утринскиот тренинг: Многу сум среќен и уживам во пензија (ВИДЕО)

Светскиот боксерски шампион Тајсон Фјури со одличен нокаут го победи Дилиен Вајт во шестата рунда пред две недели на Вембли и го одбрани ВБЦ појасот.

По мечот истакна дека ова му била последна борба во кариерата и постојано ја повторува последните денови.

„Џипси Кинг“ изгледа цврсто стои на својата одлука, но не ги исклучи егзибициските мечеви.

Така тој ја прифати идејата за можен судир со шампионот на УФЦ Френсис Нгану.

Но, неговата сопруга Парис Фјури неодамна изјави дека Тајсон може да биде во искушение да му биде понудена борба против победникот од мечот меѓу Александар Усик и Ентони Џошуа за апсолутен светски шампион во тешка категорија.

Тоа сигурно би го ставило Фјури во позиција уште еднаш да ја повлече својата одлука и да се врати во акција. Во ВБЦ му оставија време на шампионот за да донесе службена одлука.

А Џипси Кинг сè уште тренира, а тоа го откри во видео порака на Твитер, но не даде никакви индикации дека се предомислил.

„Утрово истрчав во заливот. Облачно е и врне, но јас сум многу среќен што тренирав утрово. Добро сум, здрав и жив. Господ да ве благослови сите“, рече Тајсон Фјури, а во друго видео додаде:

„Само што завршив. Истрчав четири милји покрај шеталиштето и добро се испотив. Многу сум среќен и уживам во пензија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON