Тајсон Фјури откри што би требало да прифати Усик за да се договори меч за апсолутен шампион

Љубителите на боксот сè уште не губат надеж за борбата меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик, што би го дала апсолутниот шампион во тешка категорија.

Промоторот на Фјури, Боб Арум, пред неколку дена изјави дека нивниот меч би можел да биде договорен за декември или почетокот на следната година.

Кралот на Ромите во последно време постојано повторува дека заработката му е на прво место, а тоа го повтори и во интервју за ТВ Фајт хаб во пресрет на средбата против Френсис Нгану на 28 октомври во Саудиска Арабија.

Британецот рече дека би можел да размисли да се бори со Усик доколку неговиот потенцијален противник прифати помал хонорар.

„Дали некогаш ми беше приоритет? Кога изјавив дека сакам да бидам апсолутен шампион? Другите отсекогаш сонувале за тоа“, рече Тајсон Фјури и продолжи:

„Имам работа со Френсис Нгану. Ако тој мал колбас сака да се бори за титулите и е подготвен да земе мал процент од заработката, можеби можеме да одработиме меч. Ако бара повеќе пари, тогаш ништо од тоа. Усик и неговиот тим се повлекоа. Им понудивме борба на Вембли, а ние продолживме понатаму. Сега ја чекам борбата против Нгану, кој е се подобар“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON