Нуров елиминиран со тесен резултат, најголемиот фаворит Садулаев ќе се бори само за бронза, а Снајдер е во репасаж

Могамедгаџи Нуров загуби со тесен резултат од Гиви Мачарашвили од Грузија 4-5 на Светско првенство во борење во Белград.

За жал, Грузиецот стигна до полуфунале, па така Нуров не доби шанса преку репасажот да дојде до борба за бронзениот медал.

Сепак, најголемото изненадување во оваа категорија е неприкосновениот шампион Адбулрашид Садулаев од Русија, кој се бори како неутреален борач, бидејќи не се пласира во финалето. Садулаев во полуфиналето загуби 9-2 од Ахмед Тажудинов од Бахреин. Така, најголемиот фаворит за златниот медал ќе се бори за бронза. Додека неговиот најголем ривал, Американецот Кајл Снајдер, исто така загуби од Тажуднов со 0-11, е во репасажот и се бори да стигне до борба за бронзениот медал.

Во оваа категорија за златниот медал ќе се борат Мажидов и Магомедхан Магомедов од Азербејџан.

Утре настапува Вероника Рјабоволова (50 кг) против Мисениеи Џенезис од Нигерија.

97кг Магомедгаџи Нуров – Гиви Мачарашвили (Грузија) 4-5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО