Тајсон Фјури откри колку ќе заработи Френсис Нгану во нивниот боксерски меч

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану наскоро ќе ја исполни својата долгогодишна желба и конечно ќе дебитира во рингот.

Првиот меч во професионален бокс Камерунецот ќе го има на 28 октомври во Саудиска Арабија против шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури.

Нгану на почетокот на годината го напушти УФЦ, бидејќи промоцијата не сакаше да исполни неколку барања, а меѓу нив беше и можноста за бокс.

Пред неколку месеци потпиша за ПФЛ, а неодамна договори меч против Џипси кинг, кој многумина го критикуваат дека договарал меч против Камерунецот.

И секако, Френсис ја прифати понудата со раширени раце, бидејќи со настапот во Ријад ќе заработи добри пари, многу подобро отколку во најголемата ММА промоција.

Тренерот на Нгану, Маркел Мартин, еднаш рече дека хонорарот ќе го промени животот на поранешниот шампион на УФЦ.

„Многу луѓе велеа дека Нгану бил идиот што го напуштил УФЦ, а сега одеднаш станал гениј. Френсис ќе заработи десет милиони долари. Ќе го наполни својот ковчег до врв“, изјави Тајсон Фјури, кој најверојатно ќе заработи многу поголема сума.

Но, без разлика на сумата, Камерунецот ќе заработи многу повеќе отколку што доби за неговата победа против Сирил Гане во последна одбрана на титулата во УФЦ. Нгану во таа борба заработи 600.000 долари.

Несомнено е дека Френсис Нгану има огромна почит кон Тајсон Фјури, но за време на прошетката во Лондон привлече внимание и со својот дрес.

Имено, тој носел маица со фотографија испечатена на предната страна од првата борба на Фјури против Вајлдер во декември 2018 година, кога Џипси Кинг беше соборен по втор пат на тој меч.

Под фотографијата е хаштагот FuryNgannou и датумот на борбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON