Мајк Тајсон го откри кој му е најдраг нокаут во кариерата (ВИДЕО)

Боксерската легенда Мајк Тајсон е еден од најголемите нокаутери во историјата. Во текот на професионалната кариера извојува 50 победи, од кои 44 ги заврши со нокаут (има уште шест порази и два откажани натпревари).

Во едно неодамнешно интервју Ајрон Мајк го избра својот омилен нокаут, што се случи во јануари 1988 година во Атлантик Сити.

„Неговиот омилен нокаут е против Лери Холмс. Сè уште бев мал кога тој се бореше со Мухамед Али во 1980 година и го претепа. Имав 14 години и тогаш си реков дека ќе го одмаздам Али. Холмс беше добар и тоа беше негов прв пораз со нокаут“, се присети Мајк Тајсон.

Во тој натпревар Ајрон Мајк го победи Холмс со ТКО во четвртата рунда и ги задржа шампионските појаси на ВБА, ВБЦ и ИБФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО