Тајсон Фјури: Не пиев дури и вода, за да не ме напијат за допинг

Fjuri gro plan

Тајсон Фјури ги нарече „арамии“ луѓето од таборот на Владимир Кличко. Британецот во саботата го детронинизираше светскиот шампион во бокс во тешка категорија, Владимир Кличко, и и стави крај на победничката серија на Украинецот.

На прес-конференцијата по триумфот Фјури откри дека не прифатил да пие дури и вода од страв да не му стават забранети супстанци и да му ја одземат победата. Fjuri so pojasi vo kostum

„Имав веродостојни информации од сигурни извори кои ме предупредија да не пипам ништо во соблекувалните, бидејќи може да се обидат да ме натопат за допинг“, рече Фјури по враќањето во Велика Британија.

„Дома си дојдов дехидриран, бидејќи не пиев дури и вода. Бев толку загрижен да не паднам  надопинг контролата“, додаде Фјури.

Британецот додаде дека од екипата на Кличко се обиделе со секакви трикови за да го деконцентрираат пред мечот. Прво настанала конфузија на мерењето, кога му запишале 113 килограми наместо 116, а потоа го принудиле да боксира со ракавици кои не му одговарале.

„Тие се моќни, многу се добри во измамите. Ги имаше сите оние мали трикови со кои се обидоа да ме исфрлат од колосек, како што се случуваше и со други ривали на Кличко во минатото. Но не успеаја“, рече Фјури. Во договорот за натпреварот има клаузула за реванш меѓу двајцата, а Кличко по 10 години го забележа првиот пораз, планира да ја искористи истата.

„Не мислам дека Кличко може подобро да се бори. Тој ќе го анализира поразот, бидејќи е паметно момче. Но ако сака втора шанса – да го направиме тоа. Втора рунда“, истакна Фјури на прес-конференцијата во Болтон.

Fjuri se smee

Чичкото и личен тренер на Тајсон Фјури – Питер, изјави за АП дека е можен реванш, кој ќе се одржи на стадионот „Вембли“ во мај следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON