Тајсон Фјури му порача на Вајлдер: Доаѓам по тебе, ѓубре!

Тајсон Фјури почна да се подготвува за втората борба со шампионот во тешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер во февруари, додека местото допрва треба да се утврди.

Тие се соочија во декември 2018 година и поранешниот шампион успеа да доминира, но два пати беше во тежок нокаунд и ова го изедначи кај судиите кои пресудија нерешен резултат.

Никој не го сакаше овој резултат, а двајцата продолжија да тврдат дека се победници. Годинава и двајцата забележаа серија од две последователни победи, Фјури со одлука на судиите и една со ТКО, а Вајлдер со тешки нокаути.

Не е јасно што ќе се случи во втората борба, но Фјури не се плаши и верува дека ќе може да победи.

Тојму испрати порака нао шампионот, ветувајќи дека тешко ќе го нокаутирам во нивниот втор дуел.

„Тренирам. Вајлдер, губитник, не потценувај ме момче. Не можете да удариш тоа што не го гледаш. Не успеа да ме завршиш во последната борба, жениче. Доаѓам по тебе, ѓубре“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON