Македонија со 60 учесници на рекордниот Меморијален семинар „Љуба Врачаревиќ“ (ФОТО/ВИДЕО)

На традиционалниот Меморијален семинар Љуба Врачаревиќ“ кој годинава постави рекорд по бројот на учесиници, над 500, Македонија беше претставена со 60 аикидисти од сите возрасти.

„Одличен семинар со преку 500 луѓе, на кој Македонија настапи со 60 претставници (од сите возрасти). Ова е рекорд до сега и потврда дека реалното аикидо граби со големи чекори напред. На Меморијалниот семинар во неделата во Белград „Љуба Врачаревиќ” имаше учесници од КРА Пелистер-Битола, КРА Маруи, КРА Кеико и КРА Каизен од Скопје, КРА Нико од Кочани и КРА Рандори од Велес“, вели претседателот на Македонсаката федерација за аикидо и релаен аикидо и главен инструктор Ѓуро Илиќ.

Семинарот што сео држува во чест на таткото на реалното аикидо Љуба Врачаревиќ го водеше неговата ќерка Ана Врачаревиќ со посетители од целиот регион, како и од Русија и други земји.

https://www.facebook.com/ana.vracarevic/videos/10162772595100261/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО