Тајсон Фјури може и да не се враќа во рингот

Поранешниот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, ги шокираше навивачите. Најави дека постои сериозна варијанта да не се врати во рингот.

Непоразениот боксер не се борел од ноември 2015 година. Тогаш ја направи една од најголемите сензации во историјата на боксот, откако на поени го понеди и го собори од тронот Владимир Кличко.

Во 2017-та медиумите на Островот неколку пати најавија дека Фјури го подготвува своето враќање. Дури тој самиот закажа и датум за меч.

„Моето време беше пред две години. Ако се враќам, ќе го објавам тоа. Ако не, извинете. За да го направам тоа, навистина треба да го посакмувам и да го сакам. Може да бидам вториот шампион во историјата на тешката категорија по Роки Марчијано кој се повлекува непоразен. Ги обединив титулите и се справив со човек кого го сметаа за непобедлив. Треба ли да правам уште нешто?“, изјави Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО