Тајсон Фјури повторно покажа почит кон Мајк Тајсон, кој е едена од најголемите икони во боксот. Фјури го носи името на „Железениот Мајк“, откако се родил предвреме. Неговиот татко, Џон, вели дека изгубил две ќерки, кои исто така биле родени предвреме и лекарите не му давале шанса на неговиот син да преживее. Сепак, тој успева да се избори и да преживее, па токму затоа го носи името на легендарниот Мајк Тајсон.
Во последниве години, непоразениот Фјури забележа огромни успеси во рингот и доминираше во тешката категорија. Тој ја освои титулата во тешка категорија на ВБЦ, откако во февруари го нокаутира Дионтеј Вајлдер. Фјури му вети на Мајк Тајсон дека ќе го победи Вајлдер, затоа што поранешниот шампион се фалеше и велеше дека може да го победи Мајк Тајсон во неговата најдобра форма. „Џипси кинг“ секогаш покажува почит кон легендите во боксот и на својот профил на социјалните мрежи напиша дека Тајсон е жива легенда и гладијатор:
„Мајк Тајсон е жива легенда и го промени боксот. Тој е гладијатор на денешницата“ .