Тајсон Фјури: Кличко е бизнисмен-намерно ми дозволи да победам

Klicko i fjuri koj pokazuva rogovi

Светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, верува дека Владимир Кличко намерно загубил во нивниот меч минатиот ноември.

Фјури минатиот ноември го победи Кличко во Дизелдорф со едногласна одлука на судиите и ја презеде шампионската титула во верзиите ВБА, ВБО и ИБФ. Тоа беше прв пораз на Кличко по 68 борби, а врз основа на договорот веднаш по поразот побара реванш и истиот е закажан за 9 јули во Манчестер.

„Не знаете каков ефект може да предизвика поразот врз боскер кој мисли дека е непобедлив. Но, мислам дека Кличко намерно загуби во Германија. Тој знаеше дека реваншот е загарантиран со договорот и дека не можев да боксирам со некој друг. Да се повлечев од боксот, во секој случај тој ќе ги добиеше шампионските појаси, а тоа го имаше во договорот. Ако изберам да се борам и ме победи, тогаш ќе си ги врати појасите и ќе стане трократен светски шампион во тешка категорија”, изјави Фјури.

Пред борбата со Фјури во ноември, Кличко потпиша договор со германската телевизија РТЛ за пет борби, но поради недостатокот на квалитетни противници во тешка категорија, Фјури мисли дека Кличко намерно загубил за да има спектаклурален реванш.

„Луѓето од телевизијата се среќни, добија вистинска драма. А, Кличко ништо не губи. Тој не е Флојд Мејведер или некој сличен, непобедлив, па да му значи нулата во статистиката. Тоа не му значи ништо. Тој е бизнисмен”, вели Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО