Тајсон Фјури ќе добие 26 милиони долари за реваншот со Вајлдер

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија за професионалци Тајсон Фјури ќе добие 26 милиони долари хонорар за реваншот против шампионот во верзија Светски боксерски совет 9ВБЦ) Дионтеј Вајлдер, соопштува „Дејли мирор“.

Мечот ќе се одржи на 18 мај во Њујорк.

Тие се сретнаа на 1 декември минатата година во Лос Анџелес, но средбата заврши без победник, како Вајлдер, така и Фјури остана без пораз на професионалниот ринг. Американецот е со биланс од 40 победи и 1 нерешена борба со 39 нокаути, додека Фјури е со 27 победи и 1 нерешен меч со 19 нокаути.

Фјури објави дека ги донирал за добротворни цели добиените 9 милиони долари од првиот меч со Вајлдер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО