Тајсон Фјури ја тужи Британската антидопинг агенција

Tajson Fjuri nesto pokazuva so prstite

Светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, ќе ја тужи Британската антидопинг агенција поради обвинувањата дека користел допинг.

Фјури (27 г.) беше обвинет за употреба на забранети супстанции на 24 јуни по мостра земена во февруари 2015 година – девет месеци пред натпреварот со Владимир Кличко, во кој Фјури ја освои свеската титула и му ги зеде шампионските појаси на Украинецот.

Адвокатите на Фјури, сепак, ги оспорија резултатите од тестовите и започнаа процедура во Врховниот суд. Заедно со Тајсон Фјури обвинет за употреба на Nandrolone е и неговиот братучед – Хју Фјури, кој исто така е боксер

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО