Тајсон Фјури ја избра најголемата борба на сите времиња во тешка категорија

Актуелниот шампион на ВБЦ во тешка категорија Тајсон Фјури неодамна откри кој, според него, е најголемиот меч во историјата на дивизијата.

Тешка категорија даде многу големи борби кои имаа свои имиња, а меѓу најпознатите се мечевите на Мухамед Али против Џорџ Форман (‘The Rumble in the Jungle’, 1974) и Џо Фрејзер (‘Thrilla in Manilla’, 1975) .

Тешко е да се набројат сите, но секогаш постои меч кој на некој начин е посебен, па неодамна Кралот на Ромите во интервју за Квинсбери ја избра најголемата борба на сите времиња во тешка категорија.

„Најдобриот меч во тешка категорија е третата борба меѓу мене и Вајлдер“, изјави Тајсон Фјури.

Британскиот тешкаш првпат се бореше со Дионтеј Вајлдер во декември 2018 година, кога мечот заврши нерешено.

Следеше втора борба во февруари 2020 година во која Фјури победи со прекин во седмата рунда, а Џипси Кинг беше подобар во реваншот во октомври истата година.

Во нивната трета пресметка во Т-Мобиле Арената во Лас Вегас Фјури го победи Вајлдер со нокаут во 11. рунда и за првпат ја одбрани титулата во ВБЦ.

Имаше пет нокдаунови во таа борба, два за Фјури и три за Вајлдер, а со уште неколку одлични моменти, сигурно е една од подобрите борби во последно време.

И промоторот на Фјури, Френк Ворен, исто така се пофали за таа борба, но тој не отиде толку далеку во оценувањето на шампионот на ВБЦ.

„Тоа е најдобрата борба во тешка категорија што сум ја видел и доживеал. Видов многу борби кога бев дете, но ова беше најдобрата борба во тешка категорија што сум ја видел во сала. И веројатно најдобрата борба на која сум присуствувал“, нагласи Френк Ворен.

Фјури се подготвува за уште една историска борба, бидејќи на 18 мај ќе се бори со Александар Усик за обединување на светските титули во тешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON