Џиу џицу репрезентацијата утре ги почнува борбите на Европското првенство во Романија

Македонската џиу џицу репрезентација е во Питешти, Романија, каде што утре и задутре се одржува Европското првенство за У-16, У-18 и У-21.

Боите на Македонија ќе ги бранат:

Катерина Ацевска У21 +70
Јаким Колевски У18 -69
Антонио Стојчески У18 -69
Данил Николиски У18 -56

Во сабота се борбите на Антонио и Јаким, а во недела на Катерина и Данил.

Во таборот на нашата репрезентација се помошниот тренер Христијан Јованов, техничка поддршка Ицо Колевски, предводени од селекторот Александар Ацевски.

На ЕП учествуваат 1041 спортист со 1109 натпреварувачки влезови од 29 држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО