Светскиот шампион во бокс Тајсон Фјури одбил да биде подложен на допинг тест последните недели пред мечот со Владимир Кличко, јавува „Мирор“.
Според информациите, претставници на Британската антидопинг агенција го посетиле 28-годишниот боксер кој категорично одбил да му биде направена проверка.
Претходно, Британецот по втор пат го одложи реваншот против Владимир Кличко, а како официјален став за ова се наведоа „здрватствени причини“.
Средбата првично требаше да се одржи во јули, но потоа беше преместен за 29 октомври во Манчестер. Сепак, Фјури повторно го одложи реваншот, а новиот датум уште не е одреден.