Тајсон Фјури има неколку услови за враќање и меч против Џошуа

На крајот на април Тајсон Фјури го победи Дилиен Вајт и го одбрани шампионскиот појас на ВБЦ во тешка категорија, а по мечот повтори дека тоа е неговата последна борба во професионалната кариера.

Но, малкумина веруваат дека одлуката на 33-годишниот светски шампион е конечна.

Се чини дека Џипси Кинг го чека исходот од натпреварот меѓу Александр Усик и Ентони Џошуа кој ќе се одигра на 20 август во Саудиска Арабија.

Британецот ќе се обиде да ги врати шампионските појаси на ИБФ, ВБА и ВБО, кои Усик ги освои минатата година во Лондон.

Изгледа дека Фјури не ја изгубил желбата да боксира против Џошуа, бидејќи неодамна изјави дека би бил многу среќен да се бори со својот сонародник.

Тоа би можело да биде многу поверојатно ако се работи за меч за обединување на титулите, а тоа може да се случи само ако Ентони го победи Украинецот и си ги врати појасите.

„Тој е бизнисмен, а не борец. Се колнам во Бога, се надевам дека ќе го победи Усик, за да излезам од пензија и бесплатно да се борам со Џошуа“, изјави Тајсон Фјури и додаде:

„Но имам неколку услови. Сакам мечот да се одржи на Вембли и гледачите да можат бесплатно да влезат на стадионот. Сакам и бесплатен пренос од натпреварот во Велика Британија. Тука ќе се борам со него, никаде надвор од границите. Сакам сите слободно да го гледаат тој меч“.

Но, прашање е колку Фјури е подготвен да се бори бесплатно. Ќе биде интересно да се види дали ќе го одржи зборот ако еден ден се договори меч против Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON