Светскиот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Британецот Тајсон Фјури (32-0-1, 23 КО) уште еднаш изјави дека носителот на титулите ВБА Супер, ИБФ и ВБО, Украинецот Aлександр Усик (20-0, 13 КО) не претставува закана за него.
„Мислам дека зборував сосема искрено за Александар Усик. Тој е добар боксер, но во средна категорија. Усик победи шампион на Крос фит. Но, што ако се бори со вистински борец во тешка категорија како мене? Ќе го уништам во 6 рунди.
Брат ми рече дека ќе го победам со една рака. Во право е. Можам да го победам дури и откако ќе отидам во паб и ќе испијам пет и пол литри пиво“, изјави Фјури за Скај спрот.
Тајсон во последно време се обидува да договори борба со Ентони Џошуа за декември. За жал, Џошуа не потпиша, принудувајќи го Фјури да ја откаже оваа борба. Фјури моментално е во потрага по нов противник. Усик нема намера да се бори оваа година, а Тајсон сака да боксира во декември.
Можеби ќе видиме дуел меѓу двајцата во 2023 година.