Од таборот на Махачев го претпочитаат Волкановски, а не Мек Грегор

Хавиер Мендез, тренерот на УФЦ борецот Ислам Махачев, објасни зошто би сакал да го види својот борец против актуелниот шампион на УФЦ во перолесна категорија (до 65 килограми) Александар Волкановски, наместо суперѕвездата Конор Мек Грегор.

Следната борба на Ислам Махачев ќе ја има против Бразилецот Чарлс Оливеира. Борбата за празната титула во лесна категорија ќе се одржи на 22 октомври во Абу Даби, која е и насловна на УФЦ 280.

Ако Махачев стане шампион, тогаш има шанса да се соочи со Конор Мек Грегор. Ќе биде голема борба, бидејќи има голема караница меѓу нив по тепачката на Хабиб Нурмагомедов. Сите знаеме дека ММА кавгите носат големи профити за УФЦ.

Сепак, Мендез не го сака Мек Грегор, тој го сака Волкановски.

„За мене Алекс е поинтересен од Конор, бидејќи е шампион во моментов. Волкановски е голем борец, нема да се плетка околу борбата. Ова е добар противник за Ислам, токму од гледна точка на спортист, а не на шоумен.

Волкановски е одличен спортист од многу позната теретана каде тренираат вистински професионалци. Имам голема почит кон овие момци“, изјави Мендез за Спорткида.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО