На почетокот на декември, шампионот во тешка категорија Тајсон Фјури го победи Дерек Чисора и го одбрани шампионскиот појас на ВБЦ.
Тоа беше 33-от триумф во кариерата за Кралот на Ромите, по што најави борба за апсолутен шампион против Александар Усик.
Но, во текот на преговорите Фјури постојано поставуваше нови услови за Усик, па Украинецот на крајот се повлече, а љубителите на боксот, барем засега, останаа без борба за обединување на титулите во тешка категорија.
И двајцата почнаа да бараат нови противници, а како потенцијални ривали на Тајсон се споменуваа Енди Руиз Јуниор и Жилеј Жанг, а во некои комбинации и поранешниот УФЦ шампион Френсис Нгану.
После извесно време деновиве Фјури повторно контактираше на социјалните мрежи, и откри како бил на одмор.
„Одморав и тренирав, а сега сум подготвен за борба“, изјави Тајсон Фјури, а потоа продолжи:
„Не сум бил во рингот од декември, не по моја вина. Сакав да се борам со Усик, но тој одби. Се обидов да договорам меч против Еј Џеј, но и тој не сакаше да се бори. Не е важно со кого се борам. Енди Руиз побара 20 милиони долари, лудо копиле, не знам кој ќе му ги даде тие пари. И кој е таму, можеби Жилеј Жанг? Тој ја сакаше борбата, но Џо Џојс побара реванш и ништо од тоа. Но, јас сум сега сум подготвен да се борам. Едвај ја чекам борбата против Усик, Еј Џеј… Ќе те уништам, бидејќи јас сум најопасниот борец на светот“.
А во друга објава на видео ги повика Џо Роган, Френсис Нгану, Џон Џонс…
„Го слушам Роган како зборува нешто за мене, па се уште немав време да му одговорам на тоа мало ќелаво момче. Тој изјави дека Џон Џонс ќе ме уништи ако сме во иста просторија. Не би се согласил. Не постои човек кој може да ме скрши. Што и да се случи во таа соба, јас само ќе излезам од собата. Нема проблем“, изјави Тајсон Фјури.
На тоа одговори Џон Џонсон и му одговори на Кралот на Ромите.
„Изгледа дека Џо Роган се налутил со тебе. Признавам, недопирлив си во рингот, но да не го мешаме тоа со тоа што би се случило ако зачекориш во октагонот. Ако сакаш нешто конкретно, јави се на Дана Вајт и јас ќе ви помогнам“, напиша Џон Џонс во објавата на Твитер.
Други одговорија на повиците на Фјури, вклучувајќи ги Александар Усик, Жилеј Жанг, Френсис Нгану, …
‼️ Oleksandr Usyk responding to Tyson Fury today… pic.twitter.com/jsTtKwJArd
— Michael Benson (@MichaelBensonn) May 18, 2023
Zhilei Zhang responding to Tyson Fury's call for an opponent today and putting himself back in the mix, despite Joe Joyce activating his rematch clause… pic.twitter.com/Q729AVcHTx
— Michael Benson (@MichaelBensonn) May 18, 2023
‼️ Francis Ngannou responding to Tyson Fury's call for an opponent today… pic.twitter.com/gLtXExDhwC
— Michael Benson (@MichaelBensonn) May 18, 2023