Тајсон Фјури ги демонстрира боксерските вештини на француската ривиера (ВИДЕО)

Поранешниот боксер Тајсон Фјури веќе некое време е на одмор со семејството на француската ривиера. Иако веќе се повлече од професионалниот бокс, љубовта кон спортот го прогонува.

Џипси Кинг сподели со своите фанови видео снимено од неговиот татко Џон Фјури, во кое Тајсон ги демонстрира своите импресивни боксерски вештини во прекрасен пејзаж на Азурниот брег.

„Човекот во сенка секогаш ме следи! Јужна Франција, 2022 година. Едно од најубавите места на Земјата. Благословен сум“, напиша Фјури на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tyson Fury (@tysonfury)

Потсетуваме, „Џипси Кинг“ ја забележа петтата последователна победа, овојпат со нокаут над Дилиен Вајт пред рекорден борј на публика во 21 век на ваков спортски настан! Најмалку 94.000 луѓе на култниот лондонски стадион Вембли и милиони пред малите екрани.

И по средбата Фјури најави повлекување од професионалниот спорт, но не многу категорично.

Фјури ја заврши својата професионална кариера со вкупно 32 победи (23 со нокаут) и само 1 нерешен (против Дионтеј Вајлдер во првиот од трите судири меѓу нив за појасот ВБЦ). „Ромскиот крал“ во различни периоди успеа да стигне до секоја од највредните титули во професионалниот бокс.

Единственото нешто што Фјури не го постигна беше апсолутната титула (сите појаси) кај најтешките.

Барем засега, едно е сигурно, дека шампионот на УФЦ во тешка категорија – Френсис Нгану против оној во професионален бокс – Фјури ќе го видиме во егзебициски меч! Двајцата ја навестија последната одбрана на Фјури за судирот.

Веќе се коментираше дека Тајсон Фјури налето ќе ја донесе конечната одлука дали ќе одржи уште еден меч во професионалниот боксерски ринг или ќе се откаже. Според легендата во промотивниот бизнис и менаџер на светскиот шампион на ВБЦ во тешка категорија Боб Арум, тој ќе го чека реваншот на Ентони Џошуа и Александар Усик.

Според Арум, желбата на Фјури е да боксира со Џошуа за сите титули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON