АктуелноБоксПрофесионален

Тајсон Фјури ги демантира гласините за враќање во рингот

Британскиот боксер 36-годишниот Тајсон Фјури ги негираше извештаите во некои медиуми за неговото враќање во рингот.

Поранешниот светски шампион во тешка категорија објави крај на кариерата и пензионирање во јануари оваа година. Објавата за пензионирање на Фјури дојде само 20 дена откако Украинецот Александар Усик го победи со едногласна одлука на судиите во нивниот реванш во Саудиска Арабија.

Сепак, последните седмици се шпекулираше дека Фјури би можел да се врати во рингот за да се бори против Ентони Џошуа.

„Многу слушам за враќањето и си го поставувам прашањето. За што? За што би се вратил? За повеќе боксерски појаси? Освоив 22“, напиша тој на социјалните мрежи.

„Среќен сум, задоволен од она што го направив, од она што го постигнав, го обиколив светот и се вратив, и еве нè“, додава Фјури.

„Вака изгледа пензионирањето за Кралот на Ромите. Не е лошо. Не брзам да се вратам на боксот и да добијам тупаница во лице за што? За што би се вратил? Пензиониран сум и останувам пензиониран. Немам што да докажувам на никого и немам за што да се вратам“, заклучи британскиот боксер.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON