Тајсон Фјури е уверен дека ММА е за луѓето кои не умеат да боксираат

Tajson Fjuri so poajsite na ramo

Не помина многу време откако Тајсон Фјури го победи светскиот шампион Владимир Кличко. Во 2016 гоидна се очекува реваншот меѓу нив.

Ве потсетуваме дека во 2013 година, Фјури се зајаде со тогашниот шампион во тешка категорија на УФЦ Каин Веласкез.

„Би сакал да се сретнам со Каин Веласкез“, рече Фјури во 2013 година и додаде: „MMA за мене е за луѓе кои не умеат да боксираат, а сакаат да се тркалаат по подот. За мене тоа се глупости“.

Во вчерашното интервју за The MMA Hour, Фјури кажа што мисли за ММА сега:

„Навистина мислам дека тие не можат да се боксираат – барем не така добро. Тоа е моето мислење. За мене не е забавно да ги гледам како се борат. Луѓето сакаат, кога двајца милитанти ќе се соочат еден против друг лице в лице и си разменуваат удари“.

 Целиот концепт на мешаните боречки вештини -MMA е да се комбинираат повеќе стилови, кои се користат во борба. Фјури спомена дека со претседателот на Белатор, Скот Кокер, разговарал за евентуалната можност да се натпреварува паралелно и во ММА и во боксот. Многу критичари тврдат дека интересот не е наменет толку кон самиот ММА, колку кон можноста да стане шампион и таму. Досега само Холи Холм го постигнала тоа.

„Јас ги почитувам успесите на секого. Ако некој има постигнато нешто во својот живот, со што се гордее, тој е достоен за почит. За мене најдобар и најинтересен дел од еден ММА дуел е кога борците се соочуваат еден против друг и си задаваат удари“.

„Да бидам искрен, не сум сто проценти заинтересиран ММА меч, бидејќи секој знае како ќе постапат противниците – ќе тргнат да се борат со мене, никој од нив нема да се осмели да се бори во стоење со светскиот шампион во бокс, нели? Противниците ќе се обидуваат само да ме соборат на подот. Тоа не е мојата сила. Мојата страст се полни со акција и динамични борби. Не сакам да се тркалам по подот и да го одолговлекувам мечот. Едноставно не ми се допаѓаат такви нешта“, рече Фјури.

„Но како што реков – во секое време, на секое место, каде и да побараат ќе се сретнам. Може некогаш да посакаат да се соочат со вистински шампион. За мене нема проблем. Подготвен сум да направам неколку средби, по што ќе продолжам напред со боксерската кариера“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON