Тајсон Фјури е подготвен за четврта борба со Вајлдер, но само во Англија

Шампионот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) во тешка категорија, Тајсон Фјури (32 победи – 0 порази) изјави дека ќе се бори со поранешниот шампион на ВБЦ, Американецот Дионтеј Вајлдер (43-2) само во својата земја Англија.

„Сега Дионтеј Вајлдер ќе се бори со Енди Руиз Јуниор за правото да се соочи со мене. Нашата четврта борба ќе биде многу гласна, но мора да биде на Вембли. Досега трипати се борев со него во САД. Ако сака уште една борба со мене, нека дојде овде во Англија“, изјави Фјури за БТ Спорт.

Првата борба меѓу двајцата во Лос Анџелес на 1 декември 2018 година заврши нерешено.

Во втората средба на 22 февруари 2020 година во Парадајс, Невада (САД), Вајлдер ја загуби титулата на ВБЦ со технички нокаут во седмата рунда, а последната борба од трилогијата беше исто така во Парадајс на 9 октомври минатата година, а Фјури повторно го совлада Вајлдер со нокаут во 11. рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО