Тајсон Фјури е подготвен да дрма во УФЦ: Нека повели шампионот Стипе Миочиќ

Откако и се закани на сите можни боксери во тешка категорија, Тајсон Фјури ги подбра и борците во УФЦ. Поранешниот светски шампион уште еднаш ја објави својата силна намера да го проба и овој спорт.

„Разговарав со Конор Мек Грегор и подготвени сме за рокендрол. Добив порака од Френк Ворен дека е заинтересиран да работи со мене. Мислам дека можеме да направиме нешто одлично. Дана Вајт, повикај ме!“, почна Фјури.

„Кој е светски шампион во тешка категорија во УФЦ? Стипе Миочиќ … Ќе се борам веднаш, нема проблем. Можам да го победам Френсис Нгану. Секој од тешка категорија може да се испроба, не се плашам од никого. Јас сум „Цигански крал“, јас сум боксер и најкул сум овде““, додаде Британецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON