Тајрон Спонг стигна во тренинг кампот на Ентони Џошуа

67

Тајрон Спонг (14-0, 13 КО) пристигна во тренинг-кампот на Ентони Џошуа.

34-годишниот Суринамец дојде во Шефилд по Американецот Тимоти Мотен и Албанецот Албон Порвизај, за да му помогне на поранешниот шампион во тешка категорија да ги врати појасите на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО во реваншот со Енди Руиз на 7 декември во Саудиска Арабија.

„Талентот е даден од Бог. Останете скромни. Прекрасни рунди спаринг со шампионот денес“, објави„Карлот на рингот“ на социјалните мрежи со фотографија од Џошуа.

Спонг требаше минатиот месец да се бори со Александр Усик во дебито во тешка категорија нао Украинецот, но неколку дена пред борбата беше објавено дека паднал на  допинг тетсот.