Тајсон Фјури е број 1 во светот

Непоразениот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури доби уште едно признание во кариерата. Тој е избран за боксер број 1 во тешка категорија од BoxRec.

„Џипси кинг“ не ја пропушти приликата да се пофали за ова признание на социјалните мрежи. Фјури е со скор 30-0-1, а во последниот меч на крајот на февруари го нокаутира Дионтеј Вајлдер и стана шампион на ВБЦ.

Работеше напорно за третата битка меѓу нив, но поради коронавирусот средбата е одложена на неодредено време. Еди Харн, кој е промотор на Ентони Џошуа ги трие рацете и сака да организира борба меѓу нив за обединување на поајсите.

„Проверете ја новата ранг-листа на BoxRec. Јас сум број 1 во светот. Напорната работа се исплати. Благословен сум од Бога“, напиша Фјури.

https://www.instagram.com/p/B-jvIdOpmAH/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО