Тајсон Фјури: Џошуа е губитник кој има три порази и веќе никому не е интересен

Поранешниот светски шампион Ентони Џошуа се врати со победи по двата порази од Aлександaр Усик, во април со едногласна одлука го победи Џермејн Френклин, а во август во седмата рунда го нокаутира Роберт Хелениус.

Неговиот промотор Еди Херн се надева дека Еј Џеј би можел да ја има следната борба во декември или точно на почетокот на следната година, но се уште не е познато кој би можел да биде неговиот противник.

А Тајсон Фјури деновиве се осврна на изјавата на Џошуа по мечот против Хелениус кога изјави дека моментално ја одржува активна тешката категорија.

„Не ми е гајле што ќе каже, тој е клошар. Има три порази, завршив со нокаут и не може да се споредува со мене. Тоа веќе е никаков меч, ништо не би ми значело ако го победам. Тој веќе никому не е интересен“, изјави Тајсон Фјури и додаде:

„Не сум заинтересиран. Веќе има неколку порази, два пати го прегази Усик, а дебелиот Мексиканец (Руиз) го нокаутира. Сега се борам со шампион кој е во своите најдобри години. Тој е поголем и посилен од него, а е и подобар нокаутер. Застани на крајот од редот“!

Тајсон Фјури на 28 октомври во Саудиска Арабија ќе се соочи со поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON