Тајсон Фјури: Душата и мадињата на Вајлдер се во мојот џеб

Тајсон Фјури се наврати во минатото за да го зајаде својот противник Дионтеј Вајлдер. Пред три години, Фјури само што се врати и забележа победи над двајца ривали. Тогаш Вајлдер реши да му даде шанса за титулата и двајцата водеа интересна прва борба.

Фјури водеше на поени, но два тешки нокдауни на Вајлдер ги израмнија сметките. Фјури едвај го преживеа крајот на борбата, но воскресна и дојде до судиска одлука.

Судиите досудија нерешен резултат што не му одговараше на ниту еден боксер. Една година и неколку месеци подоцна ја видовме нивната втора битка. Фјури успеа да доминира и да го нокаутира Вајдлер во 7-тата рунда. Така, Тајсон му ја одзеде титулата во тешка категорија и статусот без пораз.

Требаше да видиме трилогија, но Вајлдер се притаи и не се бореше по тој пораз. „Кралот на Ромите“ е многу активен во медиумите во последно време и во едно интервју за Вајлдер изјави:

„Отсекогаш сум велел дека Вајлдер може да го нокаутира Ентони Џошуа во две рунди. Ако одлучам да му го вратам моџото на Дионтеј Вајлдер, тогаш тој може да одлучи да се врати во боксот. Но, се додека тоа не се случи, јас ги чувам неговата душа, моџо и мадињата в џеб. Јас ги поседувам.

Тој ќе се врати кога ќе му ги вратам овие работи. Додека не му ги вратам, готово е. Вајлдер е кучка. Тој и неговиот тренер се кучки и ќе ги победам и двајцата. Неговото моџо и срце се во џебот.

Нека се бори со мене да се обидам да ги добијам. Подготвен сум да се борам против секој во тешка категорија. Јас сум светлосни години далеку од останатите ебачи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО