Тајсон Фјури до Александар Усик: Ќе те распарчам

Тајсон Фјури и Александар Усик разменија зборови од далечина во пресрет на борбата, која треба официјално да биде објавена оваа недела.

Усик присуствуваше на годишната конвенција на ВБЦ, која оваа година се одржа во Узбекистан. Фјури, шампионот во тешка категорија, го немаше, но сними видео порака за својот противник.

Во него изнесе позната закана. „Усик, подготви се! Те кршам на парчиња“.

Усик кратко одговори: „Немам поим Тајсон, те сакам, мој противнику. Го сакам Тајсон. Еј Тајсон, каде си“?

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО