Организаторите на борбата меѓу светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ Британецот Тајсон Фјури и неговиот сонародник Дилиен Вајт очекуваат 94.000 гледачи да дојдат на стадионот „Вембли“, каде ќе се одржи големата битка. Ова го објави BoxingScene.
Доколку сите билети се распродадени, тогаш ова ќе биде рекорд по посетеност на боксерски меч во 21 век. Рекордот беше поставен во 2017 година, кога 88.000 луѓе во живо ја видоа битката меѓу Британецот Ентони Џошуа и Украинецот Владимир Кличко.
Вреди да се одбележи дека 85.000 билети за битката меѓу Фјури и Вајт се распродадени во рок од три часа по почетокот на нивната продажба на 2 март. Фјури и Вајт ќе се борат овој викенд во Лондон.
Фјури ќе земе 32,8 милиони долари, а Вајт ќе собере 8,2 милиони долари.
Тајсон има скор од 31-0-1 во бокс и покрај титулата ќе го брани и статусот непоразен. Последен пат го победи Дионтеј Вајлдер со нокаут во октомври 2021 година. Фјури победи на 22 меча со нокаут и се закани дека ќе го нокаутира и Вајт.
Дилиен, пак, има скор од 28-2 и доаѓа по победата над Александар Поветкин. Вајт кон крајот на март 2021 година го нокаутира и му се реваншира за нокуат-поразот на Поветкин, неколку месеци претходно.