Новиот шампион во ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури е човек кој често се потпира на религијата и чита стихови од Библијата. 31-годишниот ветеран е шампион во целосна смисла на зборот, затоа што само вистински шампион може да го достигне врвот, а потоа да допре дното и повторно да се издигне од пепелта како феникс.
Пред неколку години Фјури успеа да го шокира светот со победата над легендарниот Владимир Кличко и ги собори појасите во тешка категорија на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО, ИБО, „Ринг“ и линеарната титула. За жал, тој успех ја разниша неговата психа и тој се оддаде алкохол, лекови и падна во депресија. Тајсон вели дека мислел дека се самоубие, но на крајот се избори со се и се врати во рингот. Кон крајот на минатиот месец, Фјури го нокаутира Дионтеј Вајлдер и повторно заседна на престолот.
Интересен факт е дека пред секоја битка Фјури собира луѓе од неговиот штаб и чита молитви од Куранот и Библијата. Во штабот на Фјури има муслиман кој пред секоја негова средба го чита првото поглавје од Куранот, кое се нарекува Ал-Фатиха (Откровение). Самиот Тајсон чита стихови од Библијата.
Ова се видеа од молитвите пред некои од неговите средби: