Тајсон Фјури: Борбата со Џошуа моментно е најголема, но сега кога сум концентриран на најопасниот во историјата!

Иако целосно доминираше во реваншот, Тајсон Фјури нема намера во најмала рака да го потцени Дионтеј Вајлдер.

„Кралот на Ромите“ и „Бронзениот бомбардер“ би требало по тре пат да се пресметаат на 19 декември. Имено, тоа е датумот на кој се цели, иако од сите страни доаѓа јасна порака дека се можни промени.

Фјури е уверен дека неговиот следен настап уште еднаш ќе потврди дека тој моментно е на ниво над сите останати елитни тешкаши.

„Не ми требаат, тие се оние на кои им требам. Единствениот сум непоразен светски шампион во тешка категорија. Сите останати губеа. Јас сум владетел на категоријата”, испука во свој стил Тајсон во интервју за БТ спорт.

„Не ми требаат нивните пари, ниту она што можам да го донесам на маса. Но, заради навивачите ја сакаат најголемата можна борба, а сега најголемата борба е онаа меѓу мене и Џошуа. Тие немаат што да изгубат, веќе беа нокаутирани и поразени. Јас сум таа кој носи таа голема „нула“ (без порази – н.з.). И сите тие боксери, Џошуа, Чисора, Вајтови, Поветкини … Сите тие се на исто ниво. Тие за мене се бројки. Ги гледам како четворки, петки и шестки“, додаде Фјури.

Актуелниот шампион на ВБЦ со големо внимание го следеше мечот што се одража минатиот викенд во Брентвуд. На таа локација, да потсетиме, Александар Поветкин тешко го нокаутира задолжителниот предизвикувач на Фјури, Дилиен Вајт.

„Како што можеше да видите, ако потценувате некого, тогаш добивате и удар во брадата. Но, јас сум концентриран на Дионтеај Вајлдер, најопасниот борец во светот и во историјата”, заклучи „Кралот на Ромите”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО