Tajсон Фјури вели дека не е интересира реваншот меѓу Ентони Џошуа и Александр Усик на настанот закажан за 23 јули во Саудиска Арабија.
„Не би ги гледал да боксираат и во мојот роден град Моркамб“, изјави шампионот на ВБЦ во тешка категорија.
Џипси Кинг го победи Дилиен Вајт на Вембли во април и ја повтори својата одлука да се повлече од боксот.
Најави дека ќе се посвети на егзибициски борби, а неодамна откри и неколку потенцијални противници.
Светскиот шампион често истакнува дека не го интересира мечот против победникот од дуелот меѓу Џошуа и Усик, кој ќе ги брани титулите во ВБА, ВБО и ИБФ. На тој меч Фјури би се борел за обединување на титулите.
Но, и покрај постојаните ветувања дека ќе се пензионира, Фјури со недели размислува гласно и излегува во јавноста со идејата да се врати.
Во едно неодамнешно интервју изјави дека би бил подготвен за тој меч доколку му платат 500 милиони фунти!
„Не, воопшто не ме интересира средбата меѓу Џошуа и Усик. Тие двајца клошари можат да боксираат во Моркам, не ми е гајле, не сакам да ги гледам“, истакна Тајсон Фјури и му пореча на Ентони:
„Џошуа повторно ќе добие ќотек против Усик. Треба да дојде во Моркам за јас да го тренирам. Не знам како може да победи на реваншот, тоа го кажав во пресрет на нивниот прв меч“.
„Џипси Кинг“ ги демантира пишувањата на некои медиуми на Островот кои тврдат дека во моментов преговараат натпревар за обединување на титулите.
Иако се уште нема конкретни информации дали ќе ја продолжи или не кариерата, тој откри дека подготвува нешто големо.
„Наскоро ќе се знае повеќе, но ниту Џошуа ниту Усик не се вмешани во оваа приказна. Јас сум тој што одлучува. Се враќам во октомври, ноември или декември… Никој не ме присилува на ништо и не сакам да носам избрзани одлуки“, подвлече Тајсон Фјури.
View this post on Instagram