Тајсон Фјури би можел да се бори против Мартин Баколе?

Според најавите, ВБЦ шампионот Тајсон Фјури треба да добие противник оваа недела.

Неодамна еден од промоторите на Фјури, Боб Арум, изнесе неколку имиња на потенцијални ривали, а меѓу нив е и Мартин Баколе, несудениот противник на Филип Хрговиќ.

Тренерот на Баколе, Били Нелсон, истакнува дека Мартин би му пружил тешка борба на Кралот на Ромите.

„Фјури може да го добие Мартин поевтино од кој било друг, а сепак квалитетен и добар борец кој ќе му пружи тешка борба“, изјави Били Нелсон и додаде.

„Мартин нема да заработи многу овде, но се е во ред. Фјури ќе го распродаде Вембли ако се бори со некој од локалните борци. Знаеме дека ќе добие многу пари, но ако Баколе го победи, тогаш на реваншот ќе добие пет, шест, седум пати повеќе“!

Конгоанецот неодамна потпиша промотивен договор со Бен Шалом од Боксер.

„Тајсон Фјури е голема ѕвезда која луѓето само сакаат да ја видат во добри борби. Нема многу натпревари или борци кои можат да го предизвикаат, а Мартин Баколе е дефинитивно еден од нив“, изјави Бен Шалом и продолжи:

„Ова е борбата што ја чека Баколе. Совршен противник. Тоа не го чини светот, но ви дава борба што можете да ја продадете. Мислам дека тоа би било совршена можност за Мартин, но и голема борба за Фјури“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО