Поранешниот шампион во полусредна категорија, Тајрон Вудли прокнижи уште еден болен пораз овој викенд во Лас Вегас. 38-годишниот ветеран се бореше со својот жесток противник Колби Ковингтон во главната борба на УФЦ Фајт најт 178. Ковингтон доминираше на мечот, а Вудли и не покажа дека сака да победи.
Нивната средба заврши на почетокот на петата рунда откако Вудли направи гилотина, а малку подоцна тој почна да вреска од болка затоа што скрши ребро. Судијата интервенираше и ја прекина борбата, со која Тајрон влезе во серија од три последователни порази во кои се чинеше беспомошен. Веднаш по битката, Вудли беше пренесен во болница, каде му беа направени рентгенски слики, а повредата навистина изгледаше сериозна.
Вудли ја испрати фотографија до Ариел Хелуани, истакнувајќи дека во раните рунди му пукнало реброто. Поранешниот шампион се обиде со гилотина да застане на нозе, но реброто повторно пукна, со што се стави крај на сето тоа. „Избраниот“ тврди дека не доживеал ништо поболно од тоа.