Тајрон Вудли: Ковингтон бара пет милиона за борба

Во текот на изминатите неколку недели, повторно се зборуваше за борба меѓу Тајрон Вудли и Колби Ковингтон. Според Вудли, Ковингтон преговарал за повеќе од што е потребно.

Вудли, кој е поранешен шампион на УФЦ во лесна категорија, требаше да се врати во кафезот против Леон Едвардс на 21 март на УФЦ Лондон, но за жал целиот настан пропадна поради пандемијата на коронавирус.

Битката со Едвардс потполно пропадна, а Вудли и Ковингтон почнаа да се напаѓаат на социјалните медиуми за пресметка во САД. Тие имаа расправија уште кога Вудли ја имаше титулата.

Секако, ќе има интерес за нивната борба, но дали тоа ќе се случи сè уште не е јасно. УФЦ веќе планираше три настани за мај, но тешко дека на некој од нив ќе ги видиме Вудли и Ковингтон.

Самиот Вудли тврди дека Ковингтон сака 5 милиони долари да ја прифати оваа борба, додека битката со Едвардс е невозможна, затоа што тој е изолиран во Англија поради пандемијата.

Не е потврдено дали побарувањата на Колби се всушност 5 милиони долари за дуелот, но доколку е така, повеќе од јасно е зошто нема да ги гледаме наскоро. Ако Ковингтон ја добие таа сума, тоа ќе биде една од најголемите суми во историјата на УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО