Тајрон „Кинг оф д ринг“ Спонг успешно се врати во рингот по 11 месеци откако ужасно ја скрши ногата на мечот против Гокан Саки на Глори 15.
„Кралот на рингот“, во петокот во Берлин во своето боксерско деби го нокаутираше Унгарецот Габор Фаркаш, кој во својата боксерска кариера има 7 победи, 34 порази и шест нерешени средби.
Убаво е да се види враќањето во рингот на Спонг, без разлика на противникот, независно од тоа што противникот со спуштени раце тргна кон еден од најдобрите кик бокс полутешкаши.
Да се надеваме дека Тајрон нема како Андерсон Силва да биде позитивен на некои стероиди, за да си помогне поради тешката повреда на нозете.