Тајм: Мек Грегор меѓу 100-те највлијателни луѓе во светот, Шварценегер вели дека е поголем од спортот

Конор Мек Грегор од списанието Тајм (Time) е прогласен за еден од 100-те највлијателните луѓе на планетата за 2017 година.

Ирецот постепено стана најголемата ММА ѕвезда на планетата, а неговото влијание продолжува да расте и до денес.

Сосема логично, Ноториус доби слична висока чест од Тајм во категоријата „Пионер“. Еден од луѓето кои го поздравија Мек Грегор е поранешниот гувернер на Калифорнија, акционата ѕвезда и боди билдинг легендата, Арнолд Шварценегер, кој го напиша следното за Ирецот:

„Конор Мек Грегор е повеќе од борец, повеќе од спортист, повеќе од шампион. Макар и како прв човек во историјата на УФЦ кој истовремено држел две титули од две категории, тој видливо се пронаоѓа во сите овие работи“.

„Конор е личност која ретко се сретнува, кој видливо стана поголем од сопствениот спорт. Тоа цврсто тело се мачи за да го издржи неговиот внатрешен карактер“.

„Уште првиот пат кога го сретнав Конор, знаев дека не е од оние ѕвезди кои можеш да ги вброиш само во една категорија. Откога го познавам, можам да ви кажам дека она што го гледате на екраните – сега е најпознатото лице во светот на боречките вештини, едноставно го допира плафонот. Неговата енергија е апсолутно заразна, до моментот во кој речиси почнуваш да врескаш на ирски акцент, откако си ја слушал околу 30 секунди оваа светска уста“.

„Конор има оган во себе, кој не може да биде задоволен само со шампионски појаси. Нема сопирачки кои можат да го запрат овој мотор“.

Конор Мек Грегор е само еден од тројцата спортисти кои се нашле во рангирањето на Тајм за 100 највлијателни личности на планетата. Останатите се Колин Каеперник од НФЛ и фудбалската ѕвезда на Барселона Нејмар.

https://www.instagram.com/p/BTHQTG7gsrC/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО