Денес се навршија 10 години од смртта на великанот на карате спортот, Таиџи Казе, кој почина на 24 ноември 2004 година. Казе е значаен за македонското карате, бидејќи во неговите денови на зародиш, тој држеше семинари во Македонија, а Охрид беше базата на шотокан каратето, од кој произлегоа многу мајстори на карате спортот. Од друга страна, до крајот на неговото битисување Мирче Опеловски му беше прв асистент во ВСКА.
Денес многу клубови го одбележаа заминувањето на Казе од овоземскиот живот. Така беше и во Шотокан Карате-До Академијата КАЗЕ-ХА Македонија, при што во негова чест беше одржан меморијален тренинг во Хонбу дозо на ШКК Јошитака.
-Поминаа точно 10 години откако татко ми почина. Во нашата култура, ние го празнуваме овој, посбен ден, со семејството и блиските пријатели.
Ви благодариме за да се сеќаваме… – напиша ќерката на Казе на својот фејсбук профил, Сахико Казе.
ОС!