Таеквондо репрезентацијата ветува успех на СП, со мала помош на среќата!

taekvondo repreze ITF vo stav

Македонската репрезентација во таеквондо од 24 до 30 август ќа настапи на Светското првенство на Меѓународната таеквондо федерација (ИТФ) во Пловдив, Бугарија. Селекторот на репрезентацијата, Марјанчо Лазаревски, за СП се определи за: Зоран Донев (-71 кг) во спаринг и во форми, Борче Јовановски (-77 кг)- во спаринг и во тест на сила, Климент Грозданоски (-85 кг) – во спаринг.

takvondo itf rep grb

„Се подготвувавме доста напорно во последните три месеци. И покрај бројните технички проблеми со кои се соочивме, сепак,  успеавме да извлечеме максимум, како на физички, така и на тактички план. Единствена пречка, која може да не одалечи од остварување добар резултат е искуството, кое доаѓа со настапите на вакви големи натпреварувања, што не е случај со поголемиот број од учесниците“, ни изјави репрезентативецот Климент Гроздановски.

Претседателот на ИТФ, Чанг Унг, во АСМ
Потпретседателот на ИТФ, Марио Богданов и гранд мастер Ким Унг Чол, во АСМ

Додека Зоран Донев веќе  втор пат учествува од ваков елитен натпревар.

„Свесен сум за квалитетот на светските теаквондото сили. Како најискусен меѓу нашите натпреварувачи може да кажам дека ние сме само мало камче во океанот, но и најмалото камче предизвикува големи концентрични кругови. Верувам во нашиот тренинг и посветеноста која ја дадовме во изминатиов период. Со мала помош од факторот среќа, имаме можност да постигнеме големи успеси. Сакам и да се заблагодарам на нашите спонзори ПнМетал и НоМаНетал  кој безрезервно не подржуваат, и секогаш стојат зад нас“, вели Донев.

Исто така и Борче Јовановски нагласува дека изминатите месеци се тренирало  напорно, како во клубот, така и со членовите на репрезентацијата. Тој вели дека го давал максумумот на секој тренинг.

„На ова Светското првенство има жестока конкуренција, со многу добри борци. Чуствувам дека физички и кондиционо сум подготвен. Ќе дадам се од себe и се надевам на добар пласман. Благодарам на сите кои веруваат во мене и оние кои ни овозможија да учествуваме на ова првенство“, потенцира Јовановски.

taekvondo rep itf postroeni

Селекторот Лазаревски за ipon.mk изјави дека со подготовките за СП почнале во мај, односнон со селекцијата на натпреварувачите, а кон крајот на месецот го определил списокот на репрезентативците за шампионатот.

Физичката подготвеност не нѐ загрижува, бидејќи натпреварувачите се во топ форма. Она, што можеби е пречка, е нивното искуство. Освен Зоран Донев, на кого ова ќе му биде второ СП, останатите натпреварувачи за прв пат ќе бидат на едно вака големо натпреварување, каде што искуството е на страната на другите репрезентации. Момците се подготвени да дадат се од себе, за да се постигне максимален резултат. Се надевам дека добро ќе ги браниме боите на Македонија и гордо исправени ќе се вратиме од ова СП“,  нагласи Лазаревски.

Ова СП ќе биде најмасовното во историјата на овој спорт, бидејќи ќе учествуваат 87 земји и над 850 натпреварувачи- сениори. Финалните борби ќе се одржуваат во Античкиот театар во Пловдив.

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО