Таеквондо репрезентацијата оди по рекорден број на медали на Балканското првенство во Романија

52 репезентативци од сите клубови на Македoнската таеквондо федерација (МТФ) пристигнаа во Букурешт, Романија, каде што викендов се одржува Балканско првенство во олимпиското таеквондо.

Репрезентацијата ја предводи европскиот првак Дејан Георгиевски, а тука се и Филип Додевски, Анамарија Георгивска и другите наши искусни репрезентативци, но и оние од кои се очекуваат резултати. Селекторот Борче Костовски е уверен во силата на нашите натпреварувачи и верува во нивните способности и успехот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО